Нови докази против Харадинај, обвинението е проширено

Обвинителството за воени злосторства му доставило на Министерството за правда на Србија наредба за проширување на обвинението против Рамуш Харадинај со нови докази, јавуваат српските медиуми.

Наредбата до крајот на оваа недела ќе биде преведена и проследена во Франција во корист на одлуката за барањето на Србија за екстрадиција на Харадинај, дознава Танјуг.

Српското министерство за правда ѝ го проследило барањето за екстрадиција на Харадинај на Франција со пропратната документација за истрагата за злосторствата за кои се сомничи, почната во 2004 година.

Наредбата за проширување на истрагата се однесува на дела кои не биле опфатени со истрагата од 2004 година против Харадинај врз основа на која е распишана потерницата против него.

Србија го бара Харадинај за кривични дела кои не биле опфатени со обвинението на Хашкиот трибунал за кое беше правосилно ослободен. Српските правосудни органи тврдат дека поседуваат нови докази што не биле презентирани во Хаг.

Харадинај минатата среда беше уапсен на аеродромот Базел-Милуз на француската страна, врз основа на потерницата која по него Србија ја распиша во 2004 година и се наоѓа во притвор.

Сведоци сме на уште едeн во типично балкански стил политички „реалити шоу“ со повлекувањето на целокупниот персонал (!) на амбасадата на Србија во Скопје, вклучувајки ја и нејзината екселенција амбасадор!?

повеќе

Собранието треба да се врати во претходната состојба.

повеќе

Нашата страна или многу наивно играла според некои свои знаења и без правила и принципи или ја свиткала кичмата.

повеќе