Американската полиција соопшти

Нови детали: Убиецот во Лас Вегас со месеци изнајмувал хотелски соби

Вработените во хотелот Менделеј Беј, од каде Педок пукаше на публиката, пред да изврши самоубиство, изјавија дека напаѓачот барал соба на највисокиот кат, со поглед на музичкиот фестивал „Рут 91 Харвест".

Со денови и месеци пред да изврши масакр, напаѓачот Стивен Педок изнајмувал хотелски соби во близина на други музички фестивали во Лас Вегас, како и во Чикаго.

Ова го објави американската полиција.

Американските медиуми пренесоа дека Педок резервирал две соби во Чикаго со поглед на фестивалот Лолапалуза, кој во август секоја година собира стотици илјади луѓе, според Гласот на Америка.

Педок, сепак, не престојувал во собата, ниту се знае дали бил во Чикаго тој викенд, пренесува порталот ТМЗ.

Под името на Педок, исто така, се резервирани соби во зградата во Лас Вегас со поглед на фестивалот на алтернативна музика, одржан една недела пред концертот на кантри-музика, кога уби 58 лица, соопшти шерифот на полицијата во Лас Вегас Џозеф Ломбардо.

Истражувачите во САД сѐ уште се обидуваат да го разберат мотивот за масакрот.

Во меѓувреме, шерифот на полицијата во Лас Вегас, рече дека сега е од суштинско значење да се разговара со секој кој го познавал напаѓачот Стивен Педок, за да се утврди дали имал соучесници во нападот.

Тој, исто така, додаде дека Педок со децении живеел „таен живот“ и со години добро ги криел своите активности. Шерифот, исто така, изјави дека трагите во хотелската соба, од каде напаѓачот пукал, посочувале дека планирал да избега по нападот. Педок извршил самоубиство пред полицијата да влезе во собата.

Во нападот се убиени 58 лица, додека бројот на повредени лица е намален од повеќе од 500 на 489, бидејќи некои жртви двапати беа наведени на листата.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе