Ковид-19

Нови 50.000 руски вакцини Спутник V стигнаа во Србија

Нов контингент од 50.000 руски вакцини Спутник V е доставен утрово на белградскиот аеродром Никола Тесла.

Фото: ЕПА

Синоќа товарењето на вакцините на аеродромот Шереметјево во Москва го надгледуваше српскиот министер за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ, кој оцени дека испораката на вакцините против коронавирусот е „најсилниот доказ за братските односи меѓу двете земји“.

„Ниту една земја во Европа не доби олку вакцини од Русија како Србија. Во овој момент, кога самата Русија се соочува со тешкотии да дистрибуира доволно вакцини во своите региони, таа ѝ помага на братска Србија и испраќа вакцини кога ни се најпотребни“, порача министерот, пренесе неговиот кабинет.

Тој оцени дека ако продолжи имунизацијата со сегашното темпо, Србија може „прва да ја победи пандемијата, да продолжи со јакнење на економијата и привлекување инвестиции и да ја зајакне улогата на економски лидер во овој дел на Европа“.

По испораката на аеродромот Никола Тесла, вакцините се транспортирани до Институтот Торлак, од каде што ќе бидат дистрибуирани до центрите за вакцинација низ Србија.

Министерот за здравство, Златибор Лончар, изјави дека досега 557.000 граѓани ја примиле првата, а некои дури и втората доза на вакцина против коронавирусот.

Лончар исто така оцени дека, со оглед на тоа што бројот на новозаболени лица на дневна основа не се намалува, „јасно е“ дека мерките за сузбивање на епидемијата не се почитуваат доволно.

Обраќајќи им се на новинарите во институтот „Торлак“, каде што ја прими втората доза на вакцината, Лончар апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките и по вакцинацијата, наведувајќи дека битката против вирусот не е добиена по првата добиена доза.

Тој додаде дека ако граѓаните се дисциплинирани и ако продолжи постојното темпо на имунизација, можно е до летото епидемијата да се стави „под контрола“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе