Новата британска премиерка: Имам храбар план (ВИДЕО)

Лиз Трас им оддаде почит на другите кандидати за лидерска трка на ториевците, особено на Риши Сунак.

Фото: ЕПА

Таа рече дека кампањата била „тешка борба“ и ги покажала „длабочината и широчината на талентот“ во Конзервативната партија.

Трас му се заблагодари и на Борис Џонсон што му се спротивставил на Владимир Путин, што го завршил брегзитот, ја промовирал вакцината против ковид и „го здробил Џереми Корбин“.

„Ви се восхитуваат од Киев до Карлајл“, рече таа - но, вели Би-би-си, од публиката доби задоцнет и донекаде пригушен аплауз.

Таа рече дека знае дека верувањата на ториевците одекнуваат кај Британците и додаде дека ова ги вклучува слободата и способноста да го контролираат сопствениот живот, како и ниски даноци.

Лиз Трас вети дека ќе ги исполни своите ветувања до гласачите, велејќи дека партијата на ториевците треба да покаже дека може да ги исполни во следните две години.

Фото: ЕПА

Таа рече дека има „храбар план“ да ги намали даноците и да ја развие економијата на Велика Британија.

За главното прашање - зголемените сметки за енергија, таа рече дека ќе „исполни“ кога станува збор за кризата, но дека не само што ќе се справи со сметките, туку и со долгорочните проблеми со снабдувањето.

„Ќе исполниме, ќе исполниме, ќе исполниме“, заклучи Трас, додавајќи дека партијата ќе ги победи лабуристите на парламентарните избори во 2024 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе