Новата Орбанова забрана е официјална

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја ограничи продажбата на книги за деца кои зборуваат за истополови врски со извршна уредба издадена во петокот.

Фото: ЕПА

Уредбата објавена во Службен весник го регулира контроверзниот закон со кој се забранува рекламирање во кое се прикажуваат припадници на ЛГБТ заедницата.

Унгарскиот парламент, со кој доминира Орбановата партија Фидес, го одобри законот во јуни.

Активистите за човекови права го критикуваат законот како отворена цензура, а Европската комисија го смета за дискриминаторен и презеде правни чекори против Унгарија.

Новата уредба наведува дека книгите за деца кои „прикажуваат отстапувања од родовиот идентитет добиен со самото раѓање, промена на полот, сексуалноста како цел сама по себе, како и што ја прикажуваат или популаризираат хомосексуалноста“ не смеат да бидат изложени во книжарниците или да бидат видливи во продавниците.

Ваквите книги, кои владата на Орбан ги смета за навредливи, не смеат да се продаваат на 200 метри од училишта и цркви.

Мора да имаат обвивки кои целосно ги покриваат нивните корици. Одлуката стапува на сила за 30 дена.

Законот, кој го ограничува ширењето информации за хомосексуалноста и трансродовите теми, забранува, меѓу другото, книги и други содржини што прикажуваат истополови врски како дел од секојдневниот живот кај оние под 18-годишна возраст.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе