Новата највисока зграда во ЕУ надмина 310 метри (ВИДЕО)

Варшавската кула, облакодерот во центарот на главниот град на Полска, стана највисоката зграда во Европската Унија по поставувањето на 80-метарската игла.

EPA-EFE

Со тоа вкупната висина на градбата надмина 310 метри, соопшти проектантот.

Кулата е дело на словачката компанија ХБ Реавис која се бави со инвестиции, проектирање, градежништво, трговија со недвижности, управување и советување.

Но, и покрај единствената архитектура и фактот што е повисока од лондонски Шард и Комерцбанк кулата во Франкфурт, пандемијата на коронавирусот успори или привремено прекина некои сегменти од проектот на кулата. Тоа главно се однесува на изнајмувањето на бизнис просторот.

„Како и целата економија, минатата година за секторот на изнајмување бизнис простори беше многу тешка. Многумина го откажаа или одложија донесувањето одлуки за изнајмување канцелариски простории“, соопшти Мачеј Олчик од ХБ Реавис.

Олчик, меѓутоа, не го крие оптимизмот и верува дека тоа е само привремено и дека компаниите ќе сакаат да изнајмуваат простории во „архитектонски уникатната“ Варшавска кула.

Зградата би требало да биде отворена на почетокот на 2022, ќе има посебна тераса со поглед, два брзи стаклени лифта кои гостите ќе ги превезуваат со брзина од осум метри во секунда и ресторани со поглед на центарот на градот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе