Заради продолжување на дијалогот со Белград

Новата косовска влада привремено ги укина мерките на реципроцитет со Србија

Новата косовска влада на премиерот Авдулах Хоти ги поништи решенијата со кои се наметнуваат мерки за реципроцитет кон централна Србија, објави РТС.

Фото: ЕПА

Авдулах Хоти на седницата рекол дека со одлуката се отстранети сите пречки за продолжување на дијалогот со Белград, а доколку дијалогот нема поволен исход, мерките за реципроцитет повторно ќе бидат вратени.

Одлуката стапува во сила веднаш.

Одлуката, додал Хоти, е привремена и може да трае еден ден, месец, година…

„Очекуваме Србија да ја прекине кампањата против признавањето на Косово. Очекуваме нашите партнери да извршат притисок врз Србија“, рече Хоти.

Хоти на прес-конференцијата рече дека нема да му ги пренесе овластувањата за дијалогот на претседателот Хашим Тачи, додавајќи дека улогата на премиерот во дијалогот е утврдена со косовскиот устав.

„Никогаш нема да му ги пренесам овластувањата на претседателот. Дијалогот го води владата“, рекол Хоти.

Владата на денешната седница ги поништи претходните решенија на владата на Аљбин Курти од 20 март 2020 година за постепена примена на реципроцитет со Белград.

Претставниците на Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај гласале против таа одлука.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе