Нова жртва на протестите во Турција

Бројот на жртвите за време на протестите што две недели ја тресат Турција се искачил на пет, откако демонстрант ранет во судир со полицијата починал, изјавил денес адвокатот на семејството на убиениот.

26-годишниот Етер Сарисулук, кој со денови бил на апарати за одржување во живот, денес бил прогласен за мртов, изјавил адвокатот Сема Аксој, пренесува АП.

Починатиот, како што се верува, бил погоден со канистер со солзавец директно во главата за време на протестите во Анкара, на 1 јуни.

Демонстрантите денес повторно се собираат во истанбулскиот парк Гези, во близина на плоштадот Таксим, иако владата вчера предложила одржување референдум околу плановите за уредување на Истанбул.

Групите за заштита на човековите права соопштиле дека неколку илјади луѓе биле повредени во протестите што почнаа на 31 мај во Истанбул и потоа се проширија во други градови.

Демонстрантите во почетокот се противеа на сечењето дрвја и преуредувањето на централниот плоштад во Истанбул, меѓутоа подоцна демонстрациите прераснаа во антивладини протести.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе