Нова студија: Маските блокираат 99,9 отсто од големите капки кои го носат вирусот

Маските за лице го намалуваат за 99,9 отсто ризикот од ширењето на капките поврзани со опасноста од ширење на коронавирусот кога човек зборува или кашла, покажа студија чии резултати научниците ги објавија вчера.

EPA-EFE

Жена во исправена положба оддалечена два метри од маж кој кашла без маска е изложена 10.000 пати повеќе на ширењето на капките кои потенцијално го носат вирусот, информираа во магазинот Ројал сосајети опен сајенс.

„Нам никаков сомнеж дека маските за лице можат значително да го намалат ширењето на капките кои потенцијално го носат вирусот“, кажа за Франс прес главниот автор на студијата Игнацио Марија Виола, експерт за динамика на флуидите на Универзитетот во Единбург.

Авторите на истражувањето велат дека капките кои како проектили се исфрлаат кога се зборува или кашла и потоа поради гравитацијата паѓаат на тлото се главниот придвижувач на трансмисијата на вирусот САРС-Ков-2.

Помалите капки, кои создаваат аеросол, можат да останат во воздухот подолг период и претставуваат ризик, особено во затворени слабо проветрувани простори, без струење на воздух, и кога луѓето не носат маски или ги носат погрешно, под носот.

„Постојано издишуваме цела палета капки, од микро ниво до оние од милиметар“, а некои паѓаат на тлото побрзо од други, зависно од температурата, влажноста, а особено струењето на воздухот“, вели научникот.

Студијата се концентрирала на честичките од повеќе од 170 микрони, околу два до четири пати поголеми од влакно човечка коса.

Честичките на аеросолот се помали од 20 до 30 микрони.

„Во нашата студија, за поголемите капки кои ги меревме, зборуваме за намалување од 99,9 отсто“, истакнува Игнацио Марија Виола.

Универзалното носење маски би го намалило бројот на мртвите во светот за 40.000 до 1 април, објави Институтот за здравствена метрика и проценки од Сиетл во Вашингтон.

Центарот за контрола и превенција на болести од Вашингтон вели дека маските не ги блокираат ефикасно само поголемите капки туку можат да ги блокираат и малите капки и честички, кои обично ги опишуваме како аеросол.

Вирусот САРС-Ков-2 кој ја предизвикува болеста ковид-19 е со големина од околу 0,1 микрон.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе