Портпаролот на Европската комисија соопшти

Нова рунда на дијалогот: Вучиќ и Курти на 15 јуни во Брисел

Нова рунда на дијалогот на Белград и Приштина ќе се одржи на 15 јуни во Брисел, соопшти денес портпаролот на Европската комисија Петер Стано.

EPA-EFE

Во дијалогот ќе учествуваат претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Аљбин Курти, со посредување на специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак, кажа Стано на брифинг за новинарите во Брисел.

Лајчак и специјалниот претставник на САД за Западниот Балкан Метју Палмер неодамна при посетите на Белград и Приштина кажаа дека двете страни треба да одлучат кои теми ќе се најдат на дневниот ред на новата рунда на дијалогот и дека сè што е претходно договорено мора да биде спроведено, вклучувајќи ја и Заедницата на српски општини.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе