Самитот во Хелсинки „ја прелеа чашата“

Нова провокативна илустрација: Симбиоза на Трамп и Путин од Тајм

Американскиот весник Тајм на насловната страна објави фото илустрација на која се преклопуваат ликовите на претседателот на Соединетите Американски Држави и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, со цел да се претстави моменталната состојба на надворешната политика на земјата.

Косата, усните и веѓите на Трамп се споени со носот и очите на Путин на насловната страна на Тајм.

Фото илустрацијата на визуелната уметничка Нанси Барсон треба „да го претстави сегашниот момент во надворешната политика на САД, по средбата на Трамп и Путин во Хелсинки“, наведе Тајм во соопштението.

Барсон е пионерка во овој вид на уметност, и работата ја започнала пред 30 години со научници од Институтот за технологија во Масачусетс.

„Спојувањето на лица е поинаков начин за луѓето да го воочат она што претходно не можеле“, рече Барсон.

Тајм објави и анимација на Твитер, на која лицето на Трамп се менува во лицето на Путин.

Ова е втор месец по ред Тајм да го става Трамп на насловната страна. Минатиот месец, кога во фокусот на американската јавност беше одлуката на Трамп за раздвојување на мигрантските семејства на границата со Мексико, списанието на насловната страна објави илустрација на која американскиот претседател гледа надолу кон дете кое плаче.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе