Министерот за земјоделство

Нова оставка во британската влада поради плановите на Тереза Меј

Државниот секретар во британското Министерство за земјоделство Џорџ Јустис денеска поднесе оставка откако премиерката Тереза Меј реши да им даде на пратениците можност да го одложат датумот за излегување од ЕУ.

Јустис во оставката наведе дека се плаши дека тоа „би можело да доведе до низа настани што би кулминирале со европско диктирање услови за одложување и со конечно понижување на Велика Британија“.

„Не можеме да испреговараме успешен брегзит ако не сме спремни навистина да го спроведеме“, рече тој.

Тереза Меј не сака да се одложува брегзитот планиран за 29 март, но беше принудена да ја смени стратегијата откако повеќето министри предупредија дека нема да прифатат излегување од ЕУ без спогодба.

Новиот пристап го осудија приврзаниците на брегзитот во владејачката Конзервативна партија, чиишто 20 пратеници синоќа гласаа против планот на премиерката.

Десетина од нив беа воздржани, но новата стратегија е усвоена со големо мнозинство, со 502 гласа „за“.

Според тој план, Меј најдоцна до 12 март повторно ќе ја изнесе пред Парламентот спогодбата што ја постигна со Брисел.

Таа спогодба пратениците во средината на јануари ја отфрлија со големо мнозинство. Ако Парламентот повторно ја одбие, таа на 13 март ќе ги праша пратениците дали сакаат брегзит без договор. Ако и тоа биде одбиено, ќе им биде поднесен предлог за „ограничено“ одложување на брегзитот.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе