„Вирусот повеќе пати влегувал во сите земји“

Нова генетска анализа открива кога короната почнала да се шири низ светот

Генетска анализа на повеќе од 7.500 примероци од луѓе заразени со ковид-19 наведува на заклучок дека новиот коронавирус САРС-КоВ-2 кон крајот на минатата година брзо се проширил ширум светот и се прилагодувал на човечките домаќини, објавија денес научниците, пренесе Си-ен-ен.

Научниците од Институт за генетика на Универзитетскиот колеџ во Лондон (УЦЛ) откриле скоро 200 генетски мутации на новиот коронавирус кои зачестено и редовно се повторувале. Според нивното мислење, ова покажува можен образец на неговиот развој и ширење кај луѓето.

Франсоа Балу, еден од водачите на истражувањето на УЦЛ, објаснува дека резултатите покажале дека голем дел од глобалната генетска разновидност на САРС-КоВ-2 може да се најде во сите земји кои се исклучително тешко погодени од пандемијата.

„Сите вируси мутираат. Мутациите сами по себе не се ништо лошо и нема ништо што би сугерирало дека САРС-КоВ-2 мутира побрзо или побавно од очекуваното. Засега не можеме да кажеме дека новиот коронавирус станува повеќе или помалку смртоносен и заразен“, рече Балу.

Неговиот тим ги проучувал геномите на повеќе од 7.500 вируси од заразени пациенти ширум светот, а наодите се надоврзуваат на се поголемите докази дека вирусите САРС-КоВ-2 делат почетоци од крајот на 2019 година. Ова укажува дека вирусот во тој период поминал од животни на луѓе. Тоа е лоша вест, пишува Си-ен-ен, бидејќи сите се надеваа вирусот со месеци претходно да бил проширен и да заразил повеќе луѓе затоа што тоа би значело дека повеќе луѓе веќе стекнале одреден имунитет.

Додека резултатите од студијата потврдуваат дека вирусот се појавил токму на крајот на 2019 година, а потоа рапидно се проширил низ целиот свет, студијата не ја утврдува точната локација или изворната точка.

Балу вели дека 198 генетски мутации или промени се појавиле повеќе од еднаш и тоа може да помогне во утврдувањето на начинот на кој вирусот се прилагодува, но и во развојот на лекови и вакцини. Тој додаде дека вирусот повеќе пати влегувал во сите земји. Ова ќе го отежне наоѓањето на нултиот пациент затоа што има повеќе нулти пациенти, вели Балу.

„Главниот предизвик за победување на вирусот е дека вакцината или лекот, откако вирусот ќе мутира, да не биде веќе ефективен. Ако се фокусираме на делови од вирусот што се помалку склони кон мутација, имаме подобри шанси за развој на лекови кои долгорочно ќе бидат ефективни“, рече Балу.

Според најновите информации, ширум светот во моментов со вирусот се заразени 3.68 милиони луѓе, а над 257.000 починале. Инфекцијата е пријавена во повеќе од 210 земји од првото појавување во Кина во декември 2019 година.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе