Нова еколошка катастрофа на северот на Русија (ВИДЕО)

Во регионот во близина на северниот руски град Нориљск повторно во природата истече големо количество гориво.

EPA-EFE

Рускиот произведувач на никел Норникел извести денес дека од еден од цевководите истекле 44,5 тони годиво.

Инцидентот се случил во регионот одалечен стотина километри од градот Нориљск кој се наоѓа над Арктичкиот круг.

Цевководот е затворен и се преземаат мерки за собирање на истеченото гориво, наведе компанијата и додаде дека нема опасност за здравјето на луѓето.

Ова е најновата во низата еколошки несреќи во Нориљск.

Норникел е одговорен и за инцидентот на крајот на мај кога во океанот истекоа 21.000 тони нафта од комбинирана термоцентрала.

Компанијата призна и дека во реките испуштала илјади литри многу отровен течен отпад.

Минатиот месец во близина на Нориљск се запали и голема депонија на индустриски отпад.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пост-ковид училиштето е иднината што ни се случува сега. За само еден миг, таа со себе ги донесе најголемите предзвици со кои се соочува човештвото на овој век.

повеќе

Информацијата дека коронавирусот може да се пренесe преку допир со готовина, дополнително ги мотивираше луѓето да се ослободат од банкнотите. 

повеќе

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе