Според делумните резултати

Нова центристичка партија веројатно ќе победи на изборите во Бугарија

Се очекува нова центристичка политичка партија да победи на парламентарните избори во Бугарија, со што се зголемуваат шансите за крај на политичкиот ќор-сокак во најсиромашната земја-членка на Европската Унија, покажаа денеска делумните резултати од гласањето, пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Антикорупциската партија Продолжуваме со промени, која ја основаа двајца поранешни привремени министри, води со 26 отсто од гласовите, со 42 отсто преброени гласачки ливчиња од изборите во неделата, покажаа податоците на централната изборна комисија.

Ова се трети избори во оваа балканска земја годинава.

Десничарската партија ГЕРБ на долгогодишниот премиер Бојко Борисов е втора со 21,4 отсто од гласовите. Неговото децениско владеење заврши по изборите во април поради гневот на јавноста за широко распространетата корупција.

Политичките расправии ги спречија противниците на Борисов да изградат влада, и по изборите во април и по тие во јули.

Аналитичарите велат дека Продолжуваме со промени овојпат е подобро позиционирана да запечати коалиција со поддршка на две други антикорупциски групи и социјалистите. Но претстојат тешки разговори, вели британската агенција.

На Бугарите им здодеа политичкиот ќор-сокак поради порастот на цените на енергијата, скокот на случаите на ковид-19, големиот број починати и преплавените болници.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе