Во Сирија

Нова Аја Софија никнува на Блискиот Исток, ќе се користи како црква (ВИДЕО)

Со локација од владата во Дамаск и со поддршка од рускиот политички и воен сектор, изградбата на црквата посветна на Божествената мудрост би можела наскоро да се најде во оперативна фаза, подигната со деклирарирана намера да се репродуцира, мака и во намалена големина, архитектонскиот профил на Аја Софија, древната византиска базилика на Цариград, денес Истанбул, која неодамна турските власти ја претворија во џамија.

EPA-EFE

Сириската „мини Аја Софија“, според промотерите на проектот, ќе мора да се изгради во регионот Хама.

Ова го јавија сириски и либански медиуми, повикувајќи се на информации кои ги објавија извори блиски на Дамаск, а кои операцијата ја претставуваат како своевиден руско-сириски одговор на турскиот избор Аја Софија повотрно да се претвори во исламски храм.

Според непроверените информации, кои активисти и пропагандисти блиски на сириската влада ги објавија преку социјалните мрежи, поставувањето на темелите на идната црква очигледно веќе било одржано во Ал Сукаилабија (град во регионот Хама, населен пред војната со околу 20 илјади христијани), во присуство на претставник на рускиот парламент и претставникот на грчката православна патријаршија Антиохије (со седиште во Дамаск).

Според извештаите, руските војници стацонирани во базата во Латакија веќе се подготвуваат за изградбата на новата црква. Промотер на иницијатувата е Надел ал Абдула, познат по предводењето на милицијата која се смета за самоодбрана на православните христијани, меѓу паравоените групи распоредени со силите на режимот на Башар ал Асад во конфликтот против милитантите на џихадистите на Исламска држава или Фронтот ал Нусра.

Изградбата на црквата сириските медиуми ја претставуваат како одговор на изборот на турското политичко раководство да ја реисламизира древната христијанска базилика, која по османлиското освојување на Цариград станала џамија и во 1934 доби статус на музеј со одлука на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Турциа.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе