Според кинеските медиуми

Нов жариште во Нанјинг, станува збор за најголемата зараза по Вухан

Жариште на ковид-19 откриено во кинескиот град Нанјинг се проширило во пет кинески покраини и главниот град Пекинг, а кинеските државни медиуми го нарекуваат „најголема зараза по Вухан“, пренесува Би-би-си.

EPA-EFE

Според државните податоци, заразени се речиси 200 луѓе откако вирусот е детектиран на градскиот аеродром на 20 јули.

Сите летови од аеродромот Нанјинг се суспендирани до 11 август, објави Глобал тајмс.

Властите почнале со масовно тестирање по критиките за нивниот „неуспех“.

Сите 9,3 милиони жители на градот, вклучувајќи ги оние кои дошле да го посетат Нанјинг, ќе бидат тестирани, објави државната новинска агенција Синхуа.

Властите веруваат дека жариштето е поврзано со позаразниот, делта сој на коронавирусот и дека заразата се раширила по откривањето на вирусот на аеродромот.

Управата на аеродромот е укорена, а дисциплинското тело на Комунистичката партија утврдило дека постоеле „проблеми, како недостиг од надзор и непрофесионално управување“.

Тестирањата сега покажуваат дека вирусот се раширил во најмалку 13 града, вклучувајќи ги Ченгду и престолнината Пекинг.

Дел од корисниците на кинеските социјални мрежи ја проблематизираа ефикасноста на кинеските вакцини против делта сојот.

Не се знае дали заразените биле вакцинирани.

Бројни земји од југоисточна Азија кои зависат од кинеските вакцини неодамна објавија дека ќе користат вакцини од други произведувачи.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе