Кај Драч

Нов земјотрес во Албанија, 5,3 степени

Пред дваесетина минути регионот кај албански Драч го погоди уште еден, релативно силен земјотрес, од 5,3 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на 24 километри северно од градот Драч, на 42 километри северозападно од Тирана, во Јадранско Море на длабочина од 10 километри.

Пет минути по него, регионот 20 километри западно од Леже, 64 километри северозападно од Тирана, беше погоден од потрес со сила од 3,1 степени.

По првичниот земјотрес, кој се случи во 3:54 часот во вторникот, се почувствуваа уште околу 500 потреси во истата област.

Владата денешниов ден го прогласи за ден на жалост.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе