Нов земјотрес ја погоди Албанија, предизвика паника во Тирана и Драч

Албанија вчера попладне ја погоди нов земјотрес со јачина од 4,3 степени по Рихтер, јавуваат локалните медиуми, наведувајќи дека предизвикал паника кај жителите на Тирана и Драч.

Албанските медиуми јавуваат дека јачината на земјотресот регистриран во 17:03 часот изнесувала 4,3 3 степени, а Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија во Подгорица јави дека земјотресот се почувствувал и во Црна Гора, Косово и во Македонија.

Епицентарот на потресот бил забележан на 18 километри од Тирана, а жариштето било лоцирано на длабочина од пет километри во близина на Валона, второто по големина пристаниште во Албанија.

„Земјотресот би можел да предизвика одредена материјална штета во епицентралното подрачје“, наведе Заводот.

Албанските медиуми пренесуваат дека потресот ги уплашил жителите на Тирана и Драч, кои во паника истрчале од домовите, стравувајќи дека ќе следи нов, посилен земјотрес.

Катастрофален земјотрес со епицентар меѓу Тирана и Драч ја погоди на 26 ноември Албанија при што загинаа 51 лице, а 14.000 луѓе останаа без покрив над глава.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе