Со јачина од 6.2

Нов земјотрес го погоди Ломбок (ФОТО+ВИДЕО)

Силен земјотрес со јачина од 6.2 го погоди индонезискиот остров Ломбок објави агенцијата за метеорологија и геофизика на Југоисточна Азија.

Силен афтершок денес го тресеше островот Ломбок, како и блискиот остров Бали и следеше по земјотресот од 6,9 степени во неделата, во кој загинаа најмалку 300 лица и се уништени илјадници куќи.

Десетици илјади луѓе на Ломбок останаа бездомници по силниот земјотрес во неделата.

Денешниот земјотрес со јачина од 6.2 степени бил плиток со длабочина од 12 километри, во центарот на северозападниот дел на островот, објави геолошката агенција на Индонезија. Според агенцијата земјотресот нема потенцијал да предизвика цунами бидејќи епицентарот на земјотресот бил на копно.

Претходно е соопштено дека бројот на загинати e 131, а властите очекуваат бројот на починатите да продолжи да расте како што итните служби продолжуваат да ги чистат рушевините со помош на багери.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе