Изјави премиерката

Нов Зеланд се затвора на три дена: Локален случај на зараза со коронавирус по шест месеци

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн денеска прогласи тридневно затворање на земјата, откако е откриен еден локален случај на зараза со коронавирус.

Фото: ЕПА

Ардерн рече дека Нов Зеланд не смее да ризикува со варијантата на делта вирусот, која е многу позаразна и што ја менува ситуацијата.

„Видовме што може да се случи ако не ја ставиме ситуацијата под контрола. Имаме само една шанса“, рече Ардерн во телевизиско обраќање.

Во Окленд, каде што е регистриран новиот случај на зараза, блокадата ќе трае една недела.

Двете мерки стапуваат на сила вечерва.

Нов Зеланд немаше ниту еден локален случај на инфекција со коронавирус шест месеци.

Досега, Нов Зеланд успешно се бори со епидемијата, забележувајќи 26 смртни случаи на пет милиони жители.

Околу 20 проценти од населението на Нов Зеланд е вакцинирано против коронавирус.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе