Нов Зеланд прогласи вонредна климатска состојба

Владата на новозеландската премиерка Џасинда Ардерн во средата прогласи вонредна климатска состојба.

Фото: ЕПА

Декларацијата се заснова на истражување на Меѓувладиниот панел за климатски промени за потребите од драстично намалување на глобалните емисии за да се избегне затоплување од 1,5 степени Целзиусови.

Нов Зеланд се приклучи на уште 32 други земји, вклучувајќи ги Канада, Франција и Велика Британија, кои прогласија вонредна состојба поради климатските промени.

„Ова е научна декларација“, рече Ардерн пред парламентот.

„Оваа декларација е потврда за следната генерација. Потврда за товарот што ќе го носат ако веднаш не преземеме мерки“.

Тој симболичен чекор е направен во време кога владата објави дека јавниот сектор ќе мора да постигне јаглеродна неутралност до 2025 година.

Агенциите ќе мора да ги мерат и јавно да ги објавуваат своите емисии и да компензираат за сè она што не можат да го намалат, објави Ардерн во соопштението.

„Барањето јавниот сектор да постигне јаглеродна неутралност во рок од пет години ја покажува посветеноста и подготвеноста на Владата итно да дејствува“ во борбата против климатските промени, рече премиерката.

Тоа е „важен чекор напред“ во планот за јаглеродна неутралност на Нов Зеланд до 2050 година, рече Ардерн.

Лабуристите, Зелените и Маорската партија гласаа за декларацијата, што беше повеќе од доволно за мнозинство, додека АКТ и Националната партија биле против.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе