Нов Зеланд од полноќ во недела воведува правила за маски и ги ограничува собирањата, откако девет позитивни случаи покажаа дека дошло до локален пренос на новата варијанта.
Станува збор за семејство кое се вратило во Нелсон на Јужниот остров откако било на свадба во Окленд на Северниот остров, но и на други настани. Се покажало дека членовите на семејството и стјуардесата од авионот со кој патувале се позитивни.
Островската држава од недела на полноќ ќе ги стави поставките против ширење на новата варијанта на црвено, што значи повеќе носење маски и ограничување на собирите на сто целосно вакцинирани лица во затворени угостителски објекти како што се барови и ресторани и на настани како што се свадби.
Премиерката на прес-конференција рече дека црвено не значи заклучување и дека жителите сепак ќе можат да одат во посета на семејството и пријателите и да патуваат низ земјата.
За својата венчавка таа рече дека нема да се одржи, додавајќи дека жали за секој што доживеал слично сценарио. На прашањето што мисли за откажувањето, таа рече: „Таков е животот“, заклучувајќи дека не се разликува од илјадници други Новозеланѓани кои претрпеле многу потешки последици.