Мерките исто така се ублажени во Окленд и се дозволени собири до 100 лица, но во најголемиот град на Нов Зеланд сè уште нема да бидат укинати сите мерки, рече премиерката Џасинда Ардерн.
„Преку нашите активности успеавме да го ставиме вирусот под контрола“, им рече 40-годишната премиерка на новинарите во Окленд.
„Ова беше центар на епидемијата и затоа сè уште е потребна претпазливост“.
Се чинеше дека нацијата со пет милиони жители успеа да го сузбие коронавирусот на почетокот на оваа година, но ново жариште на епидемија во август во Окленд ги принуди властите да го вратат градот во карантин.
Нов Зеланд во понеделникот не забележа ниту еден нов случај на коронавирус. Вкупно има 1.464 заразени и 25 мртви во таа земја, многу помалку отколку во другите земји.
Викторија, втора по бројност држава во Австралија, во која живеат милиони луѓе, во последните 24 часа забележа 11 нови случаи на инфекција, што е најмал број од 16 јуни. Уште две лица починаа.
„Ова не е само добар ден. Ова е одличен ден“, рече премиерот на земјата, Даниел Ендрјус, пред новинарите во главниот град Мелбурн.
Премиерот додаде дека државата нема да брза со олеснување на мерките што повторно беа засилени откако бројот на дневни инфекции достигна 700 на почетокот на август.
Австралија бележи вкупно 27.000 случаи на коронавирус, од кои 75 проценти се во Викторија. Починаа 851 лице, претежно во Викторија.