Нов Зеланд ја легализираше евтаназијата

Нов Зеланд гласаше за легализација на евтаназијата, но предложените измени во законот со кои ќе се даде зелено светло за легализација на канабисот, најверојатно ќе бидат отфрлени, соопшти во петокот изборната комисија на земјата.

Фото: ЕПА

Новозеланѓаните во октомври гласаа на два референдума - за легализација на евтаназијата и за рекреативна употреба на марихуана, паралелно со одржувањето на парламентарните избори на кои премиерката Џасинда Ардерн извојува историска победа.

Објавувајќи ги прелиминарните резултати од гласањето на референдумот, изборната комисија во петокот соопшти дека скоро половина милион гласови, главно од дијаспората, сè уште не се преброени. Тие гласови нема да ја променат одлуката во однос на легализирање на евтаназијата, но би можеле да бидат доволни за промена на рамнотежата на силите кога станува збор за рекреативната конзумација на марихуана.

Целосните резултати ќе бидат објавени на 6 ноември, но се чини дека - со над 65,2 проценти од гласовите „за“ неодамна усвоениот предлог-закон за легализација на евтаназијата - потпмогната смрт кон крајот на 2021 година во Нов Зеланд ќе стане право регулирано со закон.

Новозеландската изборна комисија соопшти дека 53,1 процент од гласачите се спротивставуваат на предлогот со што таа земја ќе стане само трета во светот што го легализира канабисот, по Канада и Уругвај.

Во 2017 година, Ардерн го поддржа референдумот за легализација на канабисот за да обезбеди поддршка за формирање коалициска влада со Националистичката партија. На изборите пред две недели, Ардерн ја оствари најголемата изборна победа за својата Лабуристичка партија во последните половина век, стекнувајќи нов мандат што ѝ овозможи да ја формира првата влада од само една партија во последните неколку децении.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе

Хрватска и Северна Македонија имаат јаки културни и историски врски и традиционално добри односи. Заради тоа, но и заради хрватското искуство со пристапните преговори, Хрватска треба да биде најдобриот пријател и бранител на нејзиниот европски пат, особено откако Северна Македонија е изложена на токсичен национализам и на неправда, нешто за што во Европската унија не смее да има место, пишува во колумна за Аутограф хрватскиот пратеник Бојан Главашевиќ анализирајќи ги бугарските условувања, но и предупредува дека Хрватска засега молчи..

повеќе