Нов Зеланд ги одложува изборите поради повторната појава на короната

Нов Зеланд одлучи да ги одложи парламентарните избори за еден месец откако во земјата се појавија нови случаи на коронавирус, објави во понеделникот премиерката Џасинда Ардерн.

Фото: ЕПА

Изборите биле закажани за 19 септември, но сега се преместени на 17 октомври, рече Ардерн на прес-конференција.

„Оваа одлука на сите партии им дава време да водат кампања во текот на следните девет недели и на изборната комисија ѝ дава доволно време да се осигура дека изборите можат да се одржат“, рече премиерката.

Одлуката за датумот на изборите е исклучиво во доменот на премиерката, но таа ги консултираше и другите политички лидери за нивното мислење.

Таа додаде дека изборите нема повторно да бидат одложени.

Ардерн на изборите се натпреварува за нов мандат.

Паралелно со изборите, ќе се одржат и референдуми за легализација на еутаназијата и канабисот.

Нов Зеланд во вторникот забележа нови случаи на ковид-19, по повеќе од 100 дена без локална трансмисија.

Земјата има вкупно 1.622 случаи на коронавирус и 22 смртни случаи, а Светската здравствена организација ја наведува како пример за успешно запирање на ширењето на заразата меѓу населението.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе