Нов закон на Флорида, учителите смеат да бидат вооружени во училниците

Законодавната власт на Флорида одобри закон кој им дозволува на учителите да носат пиштоли во училниците, по смртоносното пукање во средното училиште во Паркленд, со цел спречување на слични масакри.

Претставничкиот дом на Флорида гласаше со 65 гласови наспроти 47 за законот по расправата која траеше два дена за време на која републиканското мнозинство ги спречи демократските напори законот да се измени, одложи или укине.

Сенатот на Флорида го одобри законот минатата недела со 22 гласа за и 17 против.

Се очекува републиканскиот гувернер Рон Десантис да го потпише законот, овозможувајќи им на училиштата да учествуваат во волонтерската програма Гардијан преку која ќе им се овозможи оружје на оние учители кои ќе ја минат 144-часовната обука.

Поранешен ученик влезе на 14 февруари 2018 во средното училиште Марџори Стоунман Даглас во Паркленд вооружен со полуавтоматска пушка и почна да пука, убивајќи 17 и ранувајќи 17 лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп и моќното лоби на поборници на поседувањето огнено оружје НРА тврдат дека вооружените учители можат да обезбедат најдобра одбрана против напаѓачите кои имаат намера да извршат масовно убиство.

Опозицијата праша дали решението за оруженото насилство е присуството на повеќе оружје и предупреди на опасноста од неисправното користење на оружјето при кризи и на можноста полицијата да го замени учителот со пиштол за напаѓач.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе