Нов вид диносауруси најдени на Островот Уајт

Истражувачите од Универзитетот во Саутемптон веруваат дека четири коски неодамна пронајдени на Островот Уајт му припаѓаат на нов вид диносаурус што би можело да биде поврзан со тираносаурус рекс.

Овој нов тероподски диносаурус веројатно живеел во периодот креда пред 115 милиони години и се проценува дека бил долг до четири метри.

Истражувачите го именувале Vectaerovenator inopinatus, со оглед на големите воздушни џебови во коските што биле пронајдени. Овие коски доаѓаат од вратот и опашот на диносаурусот.

Коските биле пронајдени во три одделни откритија, а пронаоѓачите му ги подариле на музејот „Диносауруски остров“ во Сандаун.

„Радоста од пронаоѓањето на коските што ги откривме беше апсолутно фантастична. Јас сметав дека тие се посебни, па ги зедов кога го посетивме музејот Диносауруски остров. Тие веднаш знаеја дека ова е нешто ретко и прашаа дали може да ги донираме во музејот за да бидат целосно истражени“, рече Робин Вард, еден од оние што го направија откритието и страстен трагач по фосили.

Коските биле изучувани од палеонтолозите од Универзитетот во Саутемптон и било потврдено дека се од претходно непознат диносаурус. Наодите допрва треба да бидат објавени.

„Бевме шокирани од тоа колку било шупливо ова животно - преполно со воздушни џебови. Делови од неговиот скелет мора да биле прилично деликатни“, рече Крис Баркер, студент докторанд на универзитетот, кој ја водел студијата.

„Записите за тероподните диносауруси од средината на периодот креда во Европа не се толку обемни, па затоа беше навистина возбудливо што можеме да го зголемиме нашето познавање за различноста на видовите диносауруси од ова време“.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе