Нов удар на Приштина врз Белград – дозволена е само продажба на декларации со „Република Косово“

Косовските власти одлучија да ја забранат продажбата на сите декларации на кои не пишува „Република Косово“, пренесуваат српските медиуми.

Косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрит Шаља добил наредба да се оневозможи продажба и увоз на стоки на чии декларации пишува „Косово и Метохија“, „Косово Унмик“ или „Резолуција 1244“, бидејќи таа доаѓа од Србија или БиХ, пишува приштинска Коха.

По дојави на граѓани и инспекција која ги проверувала сертификатите, на Шаља му била издадена наредба да спроведе забрана на продажбата на овие производи на сите продажни места, како и нивно влегување во Косово.

Оваа наредба се однесува и на стоката со секаква друга етикета, освен за производите на чии декларации пишува „Република Косово“.

Шаља и од косовската царина побарал да спречи влез на сета стока која во декларацијата има поинакви ознаки.

Наредбата следи откако косовски медиуми објавија прилози дека на косовскиот пазар можат да се купат производи на чии декларации пишува „Косово и Метохија“, а како пример наведоа неколку видови прашок за перење.

Наведено е и дека некои потрошувачи при купувањето во продавниците водат сметка само за истокот на рокот на траење, а не и за тоа што пишува на декларацијата и од каде потекнува.

Според директорот на косовската царина Бахри Бериша, стоката со ознака „Косово и Метохија“ потекнува од Србија, БиХ или Грција.

Владата во Приштина претходно одлучи за 10 отсто да ја зголеми царината за стоката од Србија и БиХ. Србија предупреди дека тоа е спротивно на договорот ЦЕФТА, но и најави дека нема да учествува на претстојната средба на таа организација која треба да се одржи во Приштина.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе