Нов тежок пораз на Џонсон, изгласан закон со кој се блокира брегзит без договор (ВИДЕО)

Пратениците на британскиот парламент изгласаа закон со кој се блокира брегзит без договор, што е нов тежок пораз на премиерот Борис Џонсон.

Законот за блокада на „тврдиот брегзит“ помина со 327 гласови наспроти 299. Сега тој закон оди во Домот на лордовите, каде тој не може да се забрани, но може да се одолговлекува, што, како што јавуваат британските медиуми, е веројатното сценарио.

Треба да се види дали Џондон сега ќе се обиде да распише избори за 15 октомври, како што најави. Но, за навистина да се распишат избори, потребно е двотретинско мнозинство во парламентот, а Џонсон повеќе нема ни мнозинство.

Опозициските парламентарни пратеници и побунетите пратеници на владејачките козервативци вчера, во првата фаза од обидот да спречат брегзит без договор, подржаа предлог кој им овозможува да ја преземат контролата врз парламентарната агенда, што е инаку задача на власта.

Благодарение на прифаќањето на тој предлог, противниците на британскиот премиер денес претставија нацрт закон со кој се обврзува Џонсон да побара од ЕУ ново одложување на брегзитот до 31 јануари 2020, во случај да не биде постигнат никаков договор за излегувањето во следните денови.

Џонсон бунтот го оцени како обид за капитулација пред Европската Унија, вети дека никако нема да го одложи брегзитот, предвиден за 31 октомври, и го повика лидерот на опозициските лабуристи Џереми Корбин да се согласи на предвремени избори на 15 октомври. За тоа, меѓутоа, треба да добие две третини од гласовите во парламентот.

„Можам ли да го повикам лидерот на опозицијата да потврди дека, ако се усвои тој предлог закон за капитулација, ќе им дозволи на луѓето од оваа земја на изборите на 15 октомври да го изразат своето мислење за она што тој прелага да го предаде во нивно име“, кажа Џонсон во парламентот.

Џонсон кажа дека сака да постигне договор за излегувањето на Британија од Европската Унија до самитот на ЕУ на 17 октомври и „да го спроведе брегзитот“. Истакна дека владата битно напредува и дека ќе успее да ја отстрани одредбата за заштитниот механизам за границата на ирскиот остров, таканаречениот бекстоп.

Во прилог му оди одлуката на шкотскиот суд дека неговата одлука за суспензија на парламентот е законска.

„Оваа влада ќе постигне договор со нашите пријатели во Брисел“, кажа Џонсон. „Ќе постигнеме договор“.

Пресметката на премиерот со парламентот ќе донесе низа случувања, меѓу другото и гласање за обидот да се блокира парламентот, гласање за предлогот на Џонсон за избори и неделните прашања до премиерот.

Меѓутоа, некои стравуваат дека Џонсон во последен момент би можел да го смени датумот и да ги помести изборите по 31 октомври, датумот предвиден за брегзитот и да ја спроведе својата намера.

Британските лабуристи не му веруваат на премиерот дека ќе ги одржи изборите на 15 октомври.

„Нема да играме како што тој свири“, изјави портпаролот на лабуристите Кир Стармер. „Нема денес да гласаме за Борис Џонсон за да не си ја ускратиме приликата да ја довршиме работата поради која тукушто ја преземавме контролата врз парламентот.

Противниците на неуредниот брегзит тврдат дека ништо не може да го оправда ризикот од таквото излегување од ЕУ кој преку ноќ би ги прекинал економските врски со најголемиот британски извозен пазар и неспорно би нанел огромни економски нарушувања.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе