Нов терористички напад во Индонезија, со самурајски мечови против полицајците

Полицајците во Индонезија убија четворица мажи кои ги нападнаа со самурајски мечови и убија еден полицаец во полициската станица во Пеканбар, Суматра, пренесе АФП.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава.

Мажите со автомобил влегле во полицискиот двор, а потоа излегле и тргнале во напад, рече портпаролот на државната полиција Сетјо Васисто, пренесе Ројтерс.

Како што се наведува, двајца полицајци се повредени во нападот, а еден е убиен откако еден од напаѓачите го удрил со комбето во обид да избега.

По нападот, новинската агенција која е блиска до исламската држава, Амак објави дека терористичката организација ја презеде одговорноста за нападот.

АП во вторникот пренесе дека индонезиската полиција убила екстремист и уапсила уште 13 лица осомничени дека се поврзани со самоубиствените бомбашки напади во Сурабаја, вториот по големина град во Индонезија.

Портпаролот на локалната полиција Франс Барунг Мангера изјави дека екстремистот е убиен во престрелка со припадниците на полициската единица за борба против тероризмот, а дека до судирот дошло при неговото апсење за вмешаноста во нападите во кои загинаа најмалку 12 лица.

Мангера тогаш кажа дека во рациите во Сурабаја и во соседните градови Маланг и Пасуран биле уапсени 13 лица. Две семејства во неделата и понеделникот во Сурабаја извршиле самоубиствени бомбашки напади. Меѓу членовите на овие семејства имало деца, од кои четири се загинати.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе