Нов сој на коронавирусот во Британија, се шири побрзо, но без симптоми

Нов сој на коронавирусот AY.4.2 се шири во Велика Британија, според студија на Кралскиот колеџ во Лондон.

Фото: ЕПА

Според таа студија, 11,8 проценти од 841 секвенционирана позитивна анализа покажуваат присуство на подваријантата на коронавирусот AY.4.2.

Според британските власти, овој нов вид се шири побрзо од претходните соеви.

Научниците истакнуваат дека во исто време има сѐ помалку симптоматски заболувања.

Типичните симптоми на коронавирусот, како што се губење на чувството за мирис и вкус, треска и кашлица, се ретки кај новите соеви.

Авторот на студијата, Пол Елиот, вели дека, генерално, добро е што има сѐ помалку и помалку симптоми.

Научникот Кристел Донели за телевизијата Скај изјави дека засега не е можно да се процени како оваа подваријанта на коронавирусот ќе влијае на понатамошниот тек на пандемијата.

Помалку симптоматски случаи значи дека ќе се препознаваат помалку заразени случаи, а од друга страна, исчезнувањето на симптомите како кашлицата може да го намали ризикот од инфекција.

Светската здравствена организација (СЗО) го окарактеризира новиот вид како сој за кој нема загриженост, но мора да се следи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе