Според скалата на интензитет што се користи во Јапонија, овој земјотрес е означен со „пет плус“, што е ниво што може да предизвика оштетување на зградите и прекин на електричната енергија, пренесува Ројтерс.
Поради земјотресот беа прекинати неколку линии на брзиот воз.
Веб-страницата Волканодискавери објави дека јачината на земјотресот била 5,8 степени и дека епицентарот бил на 58 километри североисточно од Токио на длабочина од 71 километар.
Ова е втор земјотрес во Јапонија за два дена, откако вчера беше регистриран земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала на североистокот од земјата, во кој беа повредени три лица.
Епицентарот на земјотресот беше во Тихи Океан крај брегот на префектурата Ивата на длабочина од 56 километри.