Нов силен земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер во Мексико

Земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер го погоди денеска Мексико, неколку дена по силниот земјотрес во кој загинаа две лица и беа оштетени стотина згради.

Фото: ЕПА

Жителите на главниот град Мексико Сити излегоа на улиците откако почнаа да се тресат зградите и се огласија сирените, јавува Ројтерс.

Градоначалничката на Мексико Сити Клаудија Шејнбаум изјави дека засега нема извештаи за материјална штета.

Епицентарот на земјотресот чиј интензитет првично беше проценет од страна на Американскиот геолошки институт на седум степени, бил на длабочина од 27,7 километри.

Две лица загинаа, а 10 се повредени во силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди западниот брег на Мексико во понеделникот.

Во разорниот потрес на 19 септември 1985 година животот го загубија над илјада луѓе, додека во земјотресот кој истиот датум во 2017 го погоди Мексико настрадаа 350 луѓе, потсетува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе