Нов руски ракетен напад врз Одеса

Руските сили повторно со ракети го нападнаа украинското јужно пристаниште Одеса во раните утрински часови, соопштија локалните власти.

Фото: ЕПА

Гувернерот на регионалната воена администрација на Одеса Серхи Братчук рано утринава објави дека Одеса била нападната со проектили истрелани од авион, додавајќи дека наскоро ќе објави повеќе информации. Тој потоа објави дека украинската противвоздушна одбрана „соборила повеќе руски ракети“.

Во саботата, Русија ја нападна Одеса со крстосувачки ракети само 12 часа откако Москва потпиша договор со Киев за извоз на жито од украинските пристаништа. Украинскиот претседател Зеленски го нарече нападот „варварски“ и доказ дека на Русија не може да ѝ се верува дека ќе го почитува договорот.

Одеса, имено, е едно од украинските пристаништа од каде треба да се извезува житото, а е блокирано од почетокот на војната.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе