Нов рекорд на бројот на новозаразени во Шведска

Шведска, чијашто либерална стратегија во борбата против пандемијата привлече глобално внимание, регистрираше 1.980 нови случаи на коронавирус на 27 октомври, најголем број од почетокот на пандемијата, покажуваат податоците на шведската агенција за јавно здравје во средата.

Фото: ЕПА

Претходниот најголем број на новозаразени во еден ден се случи на 23 октомври, кога имало 1870.

Службата за јавно здравје соопшти дека највисокиот дневен број на новозаболени лица во текот на пролетта веројатно бил многу поголем, но тоа не било забележано поради недоволно тестирање во тоа време.

Шведска исто така регистрираше 9 нови смртни случаи, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 5.927.

Шведска има неколку пати поголема стапка на смртност по жител од нордиските соседи, но пониска од некои поголеми европски земји, како што се Шпанија и Велика Британија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе