Кристина Кох слета на космодром во Казахстан

Нов рекорд: Американска астронаутка се врати по 328 дена во вселената

Американската астронаутка Кристина Кох денес се врати на Земјата по речиси една година престој во Меѓународната вселенска станица (ИСС), со што постави рекорд за престој на жена во вселената, објави руската вселенска агенција Роскосмос.

Кох е астронаутка на Американската вселенска агенција НАСА, пренесува Си-ен-ен.

Кох помина 328 дена во вселената и слета на космодромот во степите на Казахстан во централна Азија во 10:12 часот по централноевропско време.

Со неа слетаа и нејзините колеги, Лук Пармитано од Европската вселенска агенција и рускиот космонаут Александар Скворцов.

28 декември беше денот кој за 28-годишната Кох беше 289 ден поминат во вселената, со што го надмина рекордот што го имаше исто така американска астронаутка Пеги Витсон (288 дена).

Кох веќе влезе во историјата како учесничка во првата „женска“ вселенска прошетка што во октомври 2019 година ја спроведе со Џесика Меир, морски биолог.

Два дена пред да се врати на Земјата, Кох во интервјуто за Ен-би-си изјави дека најмногу ќе ѝ недостасува „микрогравитацијата“.

„Многу е забавно да се биде на место каде што можеш да скокаш од подот до таванот кога ќе посакаш“, рече таа во смеа.

Кох го сруши рекордот што го имаше Пеги Витсон (59), која изврши три вселенски мисии, но истакна дека Витсон засекогаш ќе остане нејзина „хероина“, нејзина „менторка“.

Кох сонува дека „ќе ја инспирира идната генерација истражувачи“ на универзумот.

Првата жена што полета во вселената беше советската космонаутка Валентина Терешкова.

Нејзиниот лет во 1963 година влезе во историјата како прва вселенска мисија што ја извршила сама една жена.

Русија откако лансира експерти за ИСС испраќа само мажи во вселената со исклучок на Елена Серова во 2014 година.

Двете космонаутки денес се пратенички во Дума (долниот дом на рускиот парламент) избрани на листата на владејачката партија Обединета Русија.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе