Трикратен бомбашки напад

Нов напад во Кабул еден ден по убиството на хрватски војник, 12 лица мртви

Дванаесет лица загинаа во трикратен бомбашки напад во Кабул еден ден по нападот на бомбаш-самоубиец кога смртно настрада еден хрватски војник, а двајца се ранети.

Петмина вработени во Министерството за енергетика се убиени, а десет се повредени при напад на нивниот автобус.

Во втора експлозија загинале 7, а се ранети повеќе од 20 лица, објави Ројтерс.

„Прво, експлодирала бомба подметната под автобус, а потоа на местото на несреќата се разнел бомбаш-самоубиец, а трета експлозија се случила кога непознати милитанти активирале автомобил-бомба“, рече Насрат Рахими, портпарол на Министерството за внатрешни работи.

Засега ниту една милитантна група не презеде одговорност.

Хрватскиот војник Јосип Бришко (27) им подлегна на повредите, а другите двајца се сериозно повредени во средата изутрина, во самоубиствен напад во Кабул.

Талибанците ја презедоа одговорност за нападот во кој бомбаш-самоубиец се заби во конвој воени возила на пат кон аеродром.

Бришко е прв хрватски војник загинат во Авганистан, откако Хрватска членка на НАТО во 2003 година таму испрати свои сили.

Ескалација на насилството се одвива при подготовките за осмиот круг разговори меѓу Соединетите Американски Држави и талибанските официјални лица во Катар оваа недела, со цел да се стави крај на 18-годишната војна во Авганистан.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе