И покрај падот на брзината на ширење на заразата

Нов најлош ден во Шпанија, умреа 838 луѓе

Во последните 24 часа во Шпанија од последици на коронавирусот умреа 838 луѓе. Ова е новиот најлош ден од почетокот на епидемијата, потврди шпанското министерство за здравство.

Вкупниот број на мртви од вирусот ковид-19 во Шпанија сега е 6.528. Сепак, позитивно е тоа што брзината на ширење на заразата е драматично падната.

Поради ситуацијата во земјата премиерот Педро Санчез воведе ригорозни мерки, кои од денес стапија на сила, бидејќи вчера умреа 832 лица.

Шпанија ги сопре сите економски активности освен нужните. Ќе останат отворени здравствените служби, полицијата, пожарникарите, медиумите, продавниците со храна, аптеките, трафиките, банките и бензинските пумпи.

„Сите работници во активности кои не се клучни ќе мора во следните две недели да останат дома. За време на тој период нормално ќе примаат плата. Кога ќе заврши оваа вонредна состојба, ќе го надокнадат во договор со работодавачите. Ќе работат дневно половина час до час повеќе, за време на викенди... сѐ до 31 декември“, објасни Санчез на конференција за медиумите.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе