Се работи за лек што се раствора во устата и има вкус на јагода, а во првата половина на 2021 година најпрво ќе се дистрибуира во шест африкански земји: Бенин, Кенија, Малави, Нигерија, Уганда и Зимбабве, се додава во соопштението на глобалната организација за набавки на лекови за сиромашните и се бори за намалување на цената на лековите потребни во процесот на лекување на СИДА, туберкулоза и маларија.
Цената на новата верзија на лекот Долутегравир (ДТГ), специјално прилагоден за деца, по договорот со производителите на генерички лекови Виатрис и Меклаудс, ќе изнесува 120 долари годишно, наместо сегашните 480 долари, изјави Ерве Верхосел, портпарол на организацијата што работи во партнерство со Светската здравствена организација (СЗО).
Долутегравир (ДТГ) е антиретровирусен лек кој е прв избор за заразените со ХИВ кои живеат во развиените земји.
Поради високата цена, тој е недостапен за луѓето со ХИВ кои живеат во Африка.
„Благодарение на договорот меѓу Јунајтед и фондацијата Клинтон хелт аксес (CHAI), долгоочекуваната анти-ХИВ терапија, дизајнирана специјално за деца, сега ќе биде достапна во земјите со ниски и средни приходи“, рече Јунајтед.
Околу 1,7 милиони деца ширум светот се серопозитивни, но само половина од нив добиваат соодветна терапија. Околу 100.000 деца годишно умираат од ХИВ/СИДА низ светот.
Во моментов, 26 милиони луѓе во светот се опфатени со постапката на лекување против ХИВ.