Нов круг санкции на ЕУ против Белорусија

Министрите за надворешни работи на државите членки на Европската Унија воведоа санкции против 78 поединци и осум правни лица од Белорусија поради сериозни кршења на човековите права, репресијата кон цивилното општество, демократската опозиција и новинарите.

EPA-EFE

Седум лица и еден правен субјект се најдоа на списокот во врска со присилното приземјување на авионот на Рајанер, кој на 23 мај на лет од Атина кон Вилниус беше присилен да слета во Минск.

Меѓу лицата против кои се воведени санкции има неколку познати олигарси кои го поддржуваат режимот на претседателот Александар Лукашенко.

„Овие санкции им испраќаат силен сигнал на поддржувачите на режимот дека нивната поддршка на Александар Лукашенко има висока цена“, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.

ЕУ не е сама во својот одговор на кризата во Белорусија и дејствува во соработка со своите партнери, се наведува во текстот.

Ова е четврта рунда санкции, а со рестриктивните мерки на ЕУ досега се опфатени 166 лица и 15 правни субјекти од Белорусија.

Мерките вклучуваат замрзнување на нивниот имот во ЕУ, а на европските граѓани и претпријатија им е забрането да работат со нив и да им уплаќаат пари.

На санкционираните граѓани им е забранет влез како и транзит преку територијата на ЕУ.

Советот по присилното слетување на авионот на Рајанер, на 4 јуни, забрани слетување и прелетување на територијата на ЕУ за белоруските авиони.

Министрите за надворешни работи на ЕУ потсетуваат дека целта на овие санкции е да изврши притисок врз белоруското раководство да почне вистински дијалог со општеството и да избегне понатамошна репресија.

„ЕУ е спремна да поддржи мирна, демократска транзиција со низа инструменти, вклучително сеопфатен план за економска помош на демократска Белорусија. Спремни сме да донесеме понатамошни мерки и против други економски актери ако ситуацијата во Белорусија не се подобри“, порачаа министрите за надворешни работи на членките на ЕУ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе