Нов конфликт на границата меѓу Кина и Индија, има повредени

Индиски и кинески војници биле вклучени во „помал конфликт" минатата недела на спорниот дел од нивната заедничка граница на истокот на Хималаите, објави во понеделникот индиската војска.

Фото: ЕПА

Нуклеарните сили Индија и Кина се во затегнати односи на западните Хималаи од април и оттогаш го засилија присуството на своите војници долж границата од 3.800 километри.

„Потврдено е дека изби помал судир во областа Накула во Северен Сиким на 20 јануари и дека е  решен од страна на локалните команданти според утврдените протоколи“, се вели во соопштението на индиската војска, без да се наведат детали.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Жао Лиџијан изјави дека нема што да каже за инцидентот, но ја повика Индија да остане воздржана.

„Би сакал да нагласам дека кинеските погранични војници се посветени на одржување на мирот и стабилноста долж границата со Индија. Ја повикуваме индиската страна да дејствува во иста насока и да се воздржи од дејствија што може да ескалираат или да ја комплицираат состојбата на границата“, рече Лиџијан на редовниот брифинг за медиумите.

Сиким се наоѓа на истокот на Хималаите, илјадници километри оддалечен од Ладах, каде минатата година започна воена криза и се претвори во судири во кои беа убиени 20 индиски војници и непознат број кинески жртви.

Индиските медиуми пишуваат дека во последниот конфликт има повредени од обете страни, а главниот уредник на кинескиот „Глобал тајмс“ ги отфрли индиските написи за конфликтот.

„Ова се лажни вести. Според она што го дознав, нема запис за овој конфликт во евиденцијата на кинеската патрола“, објави на Твитер Ху Ксаџин.

Индија и Кина водеа војна во 1962 година и оттогаш не успеаја да го решат граничниот спор. Двете земји тврдат дека имаат право на километри територија што меѓусебно ја контролираат.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе