Нов документ: Ватикан поседува повеќе од 5.000 недвижнини

Ватикан за првпат ѝ пружи на јавноста увид во финансиската состојба на своите недвижнини кои ги поседува над 5.000, обидувајќи се да го направи потранспарентно своето работење.

EPA-EFE

Финансискиот преглед ан Светиот престол за 2020 година беше објавен вчера, а објавен е и буџетот на Управата за имотот на Апостолскиот престол (АПСА).

АПСА управува со недвижностите и инвестициите, исплаќа плати, задолжена е за јавни набавки и човечки ресурси.

Секој од документите е дополнет со опсежни податоци: графикони, мапи, интервјуа, што вкупно сочинува над 50 страници финансиски материјал.

Буџетот на АПСА на 30 страници покажува дека Ватикан поседува 4.051 имот во Италија и околу 1.120 во странство, вклучувајќи ги амбасадите низ светот.

Само 14 отсто од своите недвижнини во Италија Ватикан ги изнајмува по пазарна цена, а остатокот го изнајмува по намалени цени, најчесто на службеници на црквите.

Околу 40 отсто од недвижнините се изнајмуваат на институции како школи, манастири и болници.

Документацијата покажува дека АПСА инвестирала во недвижнини во луксузните делови на Лондон, Женева, Лозана и Париз.

Зграда во лондонскиот кварт Саут Кенсингтон претрпела огромни загуби за Ватикан откако била купена во 2014 година.

Судењето на десет лица поврзани со аквизицијата почнува во вторник, вклучувајќи истакнат кардинал. Тие се обвинети за финансиска измама, перење пари, затајување и изнуда и злоупотреба на позицијата.

Отецот Хуан Антониот Гереро, шефот на Секретаријатот за економија, кажа за порталот Ватикански вести дека спорната зграда во Лондон наскоро ќе биде продадена.

Судењето ќе биде „пресвртница“ во ватиканската веродостојност во управувањето со финансиите, кажа Гереро и истакна дека нешто слично нема да може да се случи бидејќи се преземени мерки кои ќе ги спречат таквите измами.

Минатата година папата Франциско управувањето со финансиите му го одзема на Државното обвинителство и го пренесе во надлежност на АПСА.

Специјалниот финансиски извештај кој Ватикан го објави вчера покажува дефицит од 64,8 милиони евра за 2020, што е пад во однос на дефицитот од 79,2 милиони во 2019 година.

Буџетот на Светиот престол ја опфаќа централната управа на Римокатоличката црква, Куријата, која го надгледува управувањето со Католичката црква во светот, и нејзините дипломатски претставништва и канцеларии за односи со јавноста.

Градот Ватикан, вклучувајќи ги ватиканските музеи и Ватиканската банка, имаа посебен буџет.

Пандемијата на ковид-19 влијаеше на падот на ватиканските приходи во 2020.

На пример, Базиликата на свети Петар и ватиканските музеи, кои во 2019 ги посетиле околу 6 милиони луѓе, беа затворени или многу малку отворени во текот на 2020.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе