Нов бран насилство во Северна Ирска, толпа запали автобус, повредени неколку полицајци (ВИДЕО)

Најмалку седум полицајци биле повредени во немирите во текот на ноќта во Северна Ирска.

Screenshot

Толпата што ги започна немирите главно била составена од млади луѓе од про-британската област Белфаст. Тие украле и запалиле автобус, а кон полицијата фрлале камења и молотови коктели. Нападнат е и фотограф на Белфаст Телеграф.

Видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека автобус бил запален, а потоа целосно изгорен.

Насилството започнало во градот Лондондери минатата недела, пред да се прошири во главниот град Белфаст и крајбрежните области за време на велигденскиот викенд и понеделникот. Во текот на изминатите неколку дена, демонстрантите палеле автомобили и ја нападнале полицијата во неколку градови низ Северна Ирска.

Британскиот премиер Борис Џонсон изрази длабока загриженост.

„Уличното насилство ноќе во Северна Ирска мора да престане пред некој да биде убиен“, рече денес ирскиот министер за надворешни работи, Симон Ковени, повикувајќи ги лидерите на унионисти и националисти да работат на смирување на тензиите.

„Ова мора да запре пред некој да биде убиен или сериозно повреден“, изјави Ковени за ирската телевизија РТЕ, откако немирите прераснаа во судири, континуирани напади врз полицијата и палење на украден автобус.

„Ова се сцени што многу долго време не сме ги виделе во Северна Ирска, тоа се сцени за кои многу луѓе сметаа дека станале историја и мислам дека треба да се вложат колективни напори во обид да се смират тензиите“, додаде тој .

До ескалација на насилството дошло поради сè поголемата фрустрација во про-британската унионистичка заедница во врска со новите трговски бариери помеѓу Северна Ирска и остатокот од Велика Британија, како резултат на излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Тензиите дополнително се разгорени оваа недела по одлуката да не се покрене тужба против 24 члена на ирската национална партија Шин Феин, кои присуствувале на голем погреб на лидерот на паравоената Ирска републиканска армија, каде дошло до кршење на мерките против коронавирус.

Сите големи унионистички партии бараат оставка од началникот на полицијата на Северна Ирска, Сајмон Брн, бидејќи, како што тврдат, ја изгубил довербата од заедницата.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе