СПОРЕД ОПСЕРВАТОРИЈАТА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Нов биланс на шестгодишната војна во Сирија: повеќе од 330.000 мртви

Во 76-те месеци од почетокот на војната во Сирија убиени се повеќе од 330.000 луѓе, од кои околу една третина се цивили, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон.

Опсерваторијата документирала дека настрадале 331.765 луѓе во Сирија од почетокот на судирите, на 15 март 2011 година, пренесува Франс прес.

„Меѓу загинатите има 99.671 цивил“, изјави за француската новинска агенција директорот на Опсерваторијата, Рами Абдел Рахман.

Опсерваторијата вели дека меѓу загинатите 18.243 се деца, а 11.427 се жени.

Силите на Башар ал-Асад убиле 61.808 луѓе, од руските ракети и воздушни напади загинале 5.248, воените авиони на Меѓународната коалиција предводена од САД предизвикале 1.903 жртви, од бомбите на турските војници и авиони загинале 540 цивили, а Исламска држава убила 4.317 цивили.

Опсерваторијата наведува дека вистинската бројка на убиените е за 85.000 повеќе од она што таа успеала да го документира.

Во конфликтот се ранети над 2 милиони сириски државјани, а 12 милиони, меѓу кои стотици илјади се деца, се раселени.

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе