По вчерашниот пожар

Нотр Дам собра над 600 милиони евра, спасените дела се пренесуваат во Лувр (ФОТО+ВИДЕО)

Ветувањата за донации од француските корпорации и богатите семејства за помош во обновата на Нотр Дам надминаа 600 милиони евра, објави Франс прес.

Сепак, како што посочуваат некои, ова засега се само ветувања.

Полицијата и противпожарните служби ќе ги поминат следните 48 часа во проценување на безбедноста на катедралата по синоќешниот пожар во овој историски споменик во центарот на Париз.

Лорен Нуњез, министерот за внатрешни работи, денеска рече дека главната грижа на француските власти сега е идентификување на слабостите во многувековната структура.

Францускиот министер за култура рече дека „најскапоцените богатства“ од Нотр Дам се спасени по катастрофалниот оган, вклучувајќи ги и Круната од трње и Туниката на Сент Луј.

Другите уметнички дела од магацинот во Градското собрание денеска и утре ќе бидат пренесени во Лувр. Таму тие ќе бидат исушени, заштитени и евентуално реставрирани.

Папата Франциско рече дека се моли Нотр Дам, „архитектонскиот дијамант во колективното сеќавање“, повторно да биде светилиште на католичката вера, симбол на француската нација и духовен и архитектонски дар за човештвото.

Францускиот претседател, Емануел Макрон, рече дека е „тажен што гледа како овој дел од нас гори“, а потоа на Твитер напиша дека катедралата ќе биде повторно изградена и почна меѓународна кампања за собирање финансиски средства за да се плати реконструкцијата.

Пред самата катедрала, пак, во моментов свири францускиот челист Готје Капусон, „во знак на почит кон француските пожарникари и за да испрати порака на надеж“.

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе