„Извонреден момент во времето“

Нотр Дам: Семејството на фотографијата која вирално се рашири е пронајдено

Семејството фотографирано пред катедралата Нотр Дам моменти пред да избувне пожарот е пронајдено по вирално пребарување, јави Би-би-си.

Брук Виндзор (23) рече дека таткото и детето што ги фотографирала околу еден час пред да избувне пожарот ја контактирале.

Нејзината фотографија, на која тие си играат пред обележјето старо 850 години, на големо се споделуваше на Твитер.

Таа за Би-би-си рече сака да го сподели „сеќавањето“ со нив иницирајќи меѓународна потрага.

Потврдувајќи дека се пронајдени, Виндзор на Твитер објави: „Потрагата заврши! Фотографијата стаса до таткото и семејството“.

Таткото и семејството одбраа да останат анонимни.

Виндзор додаде дека тој ѝ напишал порака во која вели: „Ви благодарам повторно за таа прекрасна фотографија, ќе најдеме посебно место за неа“.

Твитот на Виндзор беше споделен повеќе од 240.000 пати и беше лајкнат 467.000 пати, при што луѓе од целиот свет се приклучија во потрагата да ги најдат.

Нејзината впечатлива слика е опишана како „историска“ и „извонреден момент во времето“ од страна на корисниците на Твитер додека степенот на оштетувањето на Нотр Дам го шокираше светот.

Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе ја реконструира катедралата. Повеќе од 800 милиони евра веќе се ветени за да помогнат во реконструкцијата на светското наследство на УНЕСКО.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе