Норвешки воен брод се судри со танкер (ВИДЕО)

Норвешка го евакуирала целиот екипаж од воениот брод откако се судрил со танкер во фјорд, јави Би-би-си.

Во раните утрински часови, седум лица полесно се повредени во судирот во Јелтефјорд во близина на Берген, јавија спасувачите.

Воениот брод КНМ Легеш се враќал од воени вежби на НАТО алијансата. Танкерот Сола ТС е полесно оштетен и не постојат индикации дека протекла нафта.

Под кои околности настанал судирот, сè уште не е јасно. Сите 137 членови на екипажот се евакуирани од воениот брод.

Неофицијални извори тврдат дека од танкерот сепак протекла нафта од танкерот, и се стравува дека поради количината на вода на танкерот едноставно ќе потоне на место.

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе