Норвешки Ф-35 за првпат биле пуштени да пресретнат руски бомбардери (ВИДЕО)

Два норвешки Ф-35А стелт ловци пресретнале два руски авиони за ловење поморници во близина на брегот на Норвешка за време на изминатиот викенд, што е најверојатно прво сретнување на новиот американски авион со руски авиони.

Кралското норвешко воздухопловство активирало авиони Ф-16с како мисија на брза реакција кога два руски Ту-142с со МиГ-31 како придружба се приближиле до норвешкиот воздушен простор во саботата. двата Ф-35А лајтнинг 2 биле испратени како дополнителна подршка.

„Оружените сили дополнително засилени со авиони Ф-35 полетаа од воздушната база Орланд за да го зајакнат суверенитетот“, изјави генерал-мајорот Тонје Скинарланд, шефот на норвешките воздухопловни сили.

Во неделата руското министерство за одбрана објави снимка направена од еден од авионите за поморско патролирање Ту-142, на кое се гледа пресретнувањето.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе