Норвешка во моментов не вакцинира со Астразенека, ќе им позајми 216.000 дози на Шведска и Исланд

Норвешка, која привремено ја прекина употребата на Астразенека, ќе им позајми на Шведска и Исланд 216.000 дози на нивно барање, објави во четвртокот норвешкото Министерство за здравство.

Фото: ЕПА

„Задоволен сум што вакцината што ја имаме на залиха може да биде корисна иако вакцината на Астразенека во Норвешка е ставена на чекање“, рече во изјавата министерот за здравство Бјент Хаја.

216.000 дози вакцина од англиско-шведската лабораторија треба да се искористат до јуни, а некои до јули. 200.000 дози ќе бидат насочени кон Шведска, а 16.000 до Исланд.

„Ако продолжиме да ја користиме Астразенека, тие ќе ги вратат позајмените дози кога ќе ги побараме“, прецизира Хаја.

Како и нејзиниот дански сосед, Норвешка престана да ја користи вакцината на Астразенека на 11 март за подетално да ги проучи нејзините несакани ефекти, ретки, но потенцијално тешки.

Од 134.000 администрирани инјекции во Норвешка, пет случаи на тешка тромбоза, од кои три биле фатални, се пријавени кај релативно млади здрави лица. Уште една вакцинирана жена починала од мозочно крварење.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе